Нов контингент британски војници во Ирак

Од:

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон изјави дека Велика Британија ќе испрати уште најмалку 30 свои војници за обука на ирачката војска.

По овој дополнителен контингент, бројот на Британците во Ирак ќе се зголеми на повеќе од 300 луѓе.

Според министерот Фалон, постои „солиден напредок“ во изминатите месеци во борбите против милитантната исламистичка група. Исламска држава (ИД) која се уште успева да контролира делови од ирачката територија.

Во новиот, дополнителен контингент има воени експерти за логистика, како и медицински персонал и војници-инжинерци за обнова на разурнатите мостови, што се урнати по напади на џихадистите на ИД, или од воздушните напади на авијацијата на коалицијата предводена од САД.

Фалон објаснува дека ирачката армија треба да се подготви за завршните операции против исламистичката група која во арапскиот свет е позната како Даеш.

Британски воени експерти, за лондонските медиуми објаснуваат дека зголемувањето на британските војнци воо Ирак навестува скорешна офанзива за ослободување на Мосул, кој се наоѓа под контрола на ИД уште од јуни 2014 година.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски