Нов 12-часовен штрајк во Би-Би-Си

Од:

Новинарите и техничкиот персонал во Би-Би-Си ќе започнат нов 12-часовен штрајк на 28 март, откако синдикатот на новинарите (НУЈ) и на техничарите БЕКТУ не успејаа да се согласат со управата на оваа јавна медиумска команија околу отпуштањата од работата и отпремнината.

Штрајкот, иако со помало времетраење од претходниот, ќе предизвика проблеми во програмата, а посебно во нејзиниот информативен дел и во емисиите.

Членовите на синдикалните унии на новинарите и на техничкиот персонал, претходно, изгласаа организирање серија штрајкови против политиката што ја води управата на Би-Би-Си.

Првиот штрајк се оддржа на 18 февруари и тој траеше 24 часа. Гневот на вработените и на нивните синдикати се зголеми откако компанијата најави укинување на нови две илјади работни места и промена на исплатата на отпремнините.

Претставник на новинарскиот синдикат го обвини раководството на Би-Би-Си дека со својата политика и нанесува штета на програмата.

Претставник на Би-Би-Си изрази жалење што се уште нема решение за продолжените несогласувања меѓу синдикатите и управата, но утврди дека нема менување на позицијата околу исплатата на отпремнината.

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов