Норвешка со ново кривично законодавство, четири години по масовното убиство на Брејвик

Од:

Норвешката влада соопшти дека од 1 октомври – 10 години откако беше одобрен од Парламентот, во Норвешка стапува во сила нов построг кривичен закон, изјави министерот за правда Андерш Анундсен.

Според новото законодавство, максималната казна, која се дава за најтешки злосторства, се зголемува од 21 на 30 години со можност за продолжување на рокот.

Стапувањето во сила на новиот закон не било забавено, бидејќи неговото воведување зависело од модернизирањето на компјутерските системи на норвешката полиција и правосудниот систем.

Десничарскиот екстремист Брејвик, кој на 22 јули 2011 уби 77 лица, беше осуден во 2012 на 21 година затвор – која јавноста ја сметаше блага во однос на тежината на злосторството. Новиот закон, меѓутоа, нема да може да се примени во неговиот случај, бидејќи не е ретроактивен.

Во Норвешка нема казна доживотен затвор, но во некои случаи, како тој со Брејвик, казнената мерка може да се продолжи, ако се процени дека криминалецот продолжува да биде опасен и откако ја одлежал пресудата.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби