Норвешка одобри меморијал за жртви на Брејвик

Од:

Норвешката Влада одобри изградба на меморијал за жртвите од нападите на десничарскиот екстремист Андерш Брејвик во младинскиот камп на Норвешката работничка партија на островот Јутоја, во кој беа убиени 69 лица, јави ДПА.

– Никогаш нема да ги заборавиме нападите врз седиштето на Владата и островот Јутоја на 22 јули 2011 година, изјави министерот за локална самоуправа Јан Туре Санер.

– Националните меморијали се важни за нас како нација за да има каде да жалиме, додаде тој.

Меморијалот, осмислен од шведскиот уметник Јонас Далберг, автор на модерни инсталации, вклучува големо ископување долж полуостровот, кој се наоѓа во близина на островот Јутоја, покрај Осло.

Проектот на Далберг беше избран во 2014 година и требаше да биде отворен минатата година. Локалните жителите протестираат со аргумент дека регионот не може да се соочи со очекуваниот прилив на посетители и превозни средства, но Владата ги отфрли нивните поплаки.

Санер изјави дека кабинетот се обидел да постигне компромис, но бил принуден да донесе одлука за да може меморијалот да биде изграден до летото 2017 година.

Брејвик беше осуден на 21 година затвор за убиство на вкупно 77 лица во двата напада.

Би можело да ве интересира

Насилник со нож нападнал неколку лица: Полицијата го совладала напаѓачот

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби