Претседателот на Федералната изборна комисија на Мјанмар Тина Аје денеска соопшти дека подотовките за националните и провинциските парламентарни избори, закажани за 8 ноември течат без проблеми и дека тоа ќе бидат избори кои на Мјанмар ќе му овозможат историска шанса за пресвртница кон демократијатаво таа држава. Тина Аје изјави дека се затворени изборните листи на кои ќе има 6.180 кандидати, а нивното верифицирање, покрај локалните власти, го следат и неколку стотици претставбици на меѓународни организации.
Бројот на кандидатите за двата национални парламентарни дома и регионалните парламенти во 2.015 година е двојно поголем од бројот на тие од пред пет години, кога делумно беше укината повеќедецениската воена управа во Мјанмар, познат и како Бурма.
Во подготовката и наблудувањето на текот на изборите во Мјанмар дава и Европската Унија, чии експерти сега ги обучуваат луѓето од изборните комисии и најавуваат над 1.500 набљудувачи кои во Мјанмар ќе допатуваат на покана и на сметка на ЕУ.
Можни проблеми за изборите може да предизикаат актуелните поплави во некои региони на Мјанмар, каде што се отсечени сувоземните комуникации. Проблематични избори, а можеби и нивно одлагање, се предвидуваат во двете северозападни држави на границата со Кина, каде што сеуште се водат вооружени борби меѓу сепаратистичките племиња и армијата.