Нинисто: Влезот на Финска во НАТО може да ги зголеми тензиите

Од:

Финскиот претседател Саули Нинисто предупреди дека аплицирањето на неговата земја за членство во НАТО би претставувало „голем ризик“ што може да ги зголеми тензиите во Европа и дека Финска бара начини да ја подобри безбедноста по рускиот напад врз Украина.

Тој истакна дека членството во НАТО е една од двете главни алтернативи на Финска за безбедност во ЕУ, додека другата е зајакнување на одбраната со САД и соседна Шведска.

– Нашата почетна точка е да бараме нешто друго, наместо само да продолжиме вака, како досега, изјави Нинисто за „Фајненшл Тајмс“ (ФТ).

Тој додаде дека двете опции имаат предности кои ќе ја подобрат безбедноста на Финска.

Првпат мнозинството Финци сакаат да влезат во НАТО, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од јавниот сервис „Yle“ минатата недела, каде 62 отсто од возрасните граѓани изјавиле дека сакаат членство, а 16 проценти биле против.

Со децении поддршката на Финците за членство во НАТО беше околу 20 отсто, додава „Фајненшл тајмс“.

Доколку финските политичари го поддржат членството во НАТО, тогаш поддршката од народот би била 74 отсто, се додава во истражувањето на финскиот јавен сервис.

– Многу добро го разбирам сето тоа, бидејќи нашето членство може да изгледа како нашата грижа да е завршена. Но, сите други алтернативи вклучуваат ризици кои треба да ги видиме. Во моментов најголем ризик е ескалација на ситуацијата во Европа, рече Нинисто.

Финската Влада подготвува „бела книга“ за безбедносните опции, вклучително и потенцијалното членство во НАТО, пишува ФТ, додавајќи дека Парламентот е подготвен да одлучи дали ќе поднесе барање за членство во НАТО во наредните месеци.

Од земјите-членки на Европската унија, Финска има најдолга граница со Русија – 1.340 километри.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли