Независноста на Шкотска: Како гласот „ДА“ ќе ја погоди Северна Ирска?

Од:

Шкотска и Северна Ирска имаат долга историја на културни и економски врски. Но ако Шкотска гласа „ДА“ за независност во септември, како ќе се чувствуваат луѓето во Северна Ирска и како тоа може да влијае на политиката?

Еден сончев ден во малото крајбрежно гратче Донагади во Каунти Даун, југозападна Шкотска се нандзира на хоризонтот.
Има едвај 30 километри тесно море помеѓу двете келтски обали.

Но не е само географската блискост која ги поврзува Шкотска и Северна Ирска.
Илјада години миграции – најпознатите во 17-иот век кога плантажата Алстер следеше како англиски и шкотски протестанти во бранови се селат во Северна Ирска – се испреплетоа нивните истории, култури и јазици.

Исто имаше голема миграција на друг правец, најпознато во 19-иот век во времето кога во Ирска владееше гладта, но исто и за вработувања, прво во земјоделието, а потоа и во тешката индустрија.

Мноштво семејни врски и пријателства се уште се врзуваат преку водата.
Исто постојат и силни спортски врски. Фудбалскиот клуб Селтик од Глазгов беше формиран од ирски католици кои почнале да емигрираат во западна Шкотска во 1840, додека Ренџерс, кој бил основан скоро во исто време, отсекогаш се сметал како протестантски клуб. И двата клуба имаат огромна база на фанови во Северна Ирска и подржувачи кои редовно патуваат во Шкотска.

Постои и долга историја на студенти од Северна Ирска кои одат на шкотските универзитети за да студираат.

Па како населението на Северна Ирска, од кои некои имаат посилни врски со Шкотска отколку со Англија и Велс, се чувствуваат во врска со шкотскиот референдум?

Онаму каде во политиката доминира вербата за унионизам и национализам, и каде таа верба се препишува и на католичките и на протестантксите линии, ќе биде лесно да се помисли дека католиците го подржуваат гласот „ДА“, а протестантите ќе притиснат „НЕ“.
Но има и силни врски со Шкотска и во протестантските и во католичките заедници.

Како и да е, „унионистите можеби ќе треба да минат низ целиот процес за самоиспитување – дури и преку кризата на идентитетот – ако Шкотска изгласа независност, затоа што нацијата е многу важен дел од унијата на која тие и припаѓаат“, вели Греам Вокер, професор по политичка историја на Универзитетот Квинс во Белфаст.

– Ако Шкотска замине, ќе се отвори период каде унионистите ќе минат низ еден вид излегување од колосек – и во одбрана ќе ги опколат вагоните – и ќе се прашуваат како да се адаптираат или да се обидат политички да најдат пат напред кој ќе го одржува нивниот идентитет, но исто и нивните врски со Шкотска, вели тој.

Емоциите се очигледно силни кај навивачите на Ренџерс од Сенди Роу во Белфаст, каде знамињата на Салтир и Алстер и дресовите на Глазгов ренџерс го красат секој ѕид, и столбовите пред зградата се бојадисани во црвено, бело и сино.

Општиот 51-годишен работник Гери Ленаган, од општината источен Белфаст, вели дека врските помеѓу Северна Ирска и Шкотска се „нескршливи“ и дека ќе биде „разочаран“ ако Шкотска изгласа независност.

– Ако тоа се случи, мислам дека масовно луѓето ќе тргнат од Шкотска кон остатокот од Обединетото Кралство за да останат во унијата, и нивното прва станица за престој најверојатно ќе биде Северна Ирска, рече тој.

Возрасниот 62 годишен Џим Вилсон, навивач на Ренџерс, се согласува дека тоа ќе биде „огромен шок“ ако Шкотска изгласа независност. Ако се случи тоа, тој проценува дека излегувањето ќе ја приближи политиката на Шкотска до таа на Северна Ирска.

„Не во смисол на психолошко насилство, туку гледам пресврт во саксонизирана политика – гласање за проунионистички кандидати во иднина“, додава тој.

Другите унионисти преземаат чекори гласот „ДА“ да не се случи.

Д-р Дејвид Хјум, директор на службите во Гренд оринџ ложата во Северна Ирска, вели дека тој и илјадници членови на организацијата ќе учествуваат во маршот на Скотиш оринџ ордер во Единбург, пет дена пред одржувањето на реферндумот за независност на Шкотска.

– Пред сто години, Големата ложа на Шкотска покажа многу силна подршка за унионистите тука, кога тие се спротивставија на некои уредби, па сто години подоцна еве сметаме дека е најсоодветно да ја искажеме нашата поддршка. Се гледаме себеси како Алстер Шкоти и чувствуваме силна поврзаност со нашите пријатели и роднини во Шкотска. Ќе се создаде цела палета на комплексни односи, ако Шкотска ја напушти Унијата“, смета тој.

Хјум претходно ги повика луѓето од Северна Ирска кои се со Алстер Шкотско потекло да гласаат на референдумот, но тоа немаше никаков оддек.

И додека е можно унионистите да се соочат со период на жалење ако Шкотска изгласа независност, гласот „ДА“ може да биде огромен поттик за засилување на национализмот.
На почетокот на годинава, претседателот на Шин Фејн, Гери Адамс, рече дека „таканареченото Обединето Кралство“ се држи заедно со конец кој не може да биде скинат со референдумот во Шкотска.

Партијата, која води кампања за ирско единство, досега се држеше настрана од оваа дебата, со ставот дека е тоа работа на луѓето во Шкотска.

Сегашната подршка за обединета Ирска во Севрена Ирска останува релативно ниска. Минатата година анкетата која ја направи Би-Би-Си Спотлајт покажа дека има мнозинство од 65 проценти наспроти 17 проценти во корист на останување на Северна Ирска во Обединетото Кралство.

Но, шкотската незавиност може да ги засили националистичкте барања за референдум за ообединување на Ирска – потег кој е дозволен само еднаш на секои седум години, според договорот од Велики петок од 1998 година.

Вокер смета дека постои поделено мислење помеѓу националистите. „Секако дека постои група која смета дека што повеќе Обединетото Кралство се расцепка, тоа е подобро – тоа може да ги зголеми шансите за референдум за ирско обединување, вели тој.

– Но другата група на мислење во католичката заедница може да биде попретпазлива– тие ја гледаат поголемата слика, посебно во смисол на поглед кој југ и проценката дека владата во Даблин не сака да гледа како Шкотска го напушта Обединетото Кралство – и тоа нема вистински да им помогне во контекст на нивните дамнешни аспирации во двата дела во Ирска.

Националистите од Северна Ирска исто се „сосема подготвени“ за да се вклучат во дебатата за шкотската независност, затоа што католичката заедница во Шкотска која е од ирско потекло претставува „голем расцеп за овој проблем“, вели тој.

– Ќе има многу во католичата заедница во Шкотска кои имаат силна племенска лојалност кон лабуристите, и затоа мислам дека тоа во повеќето случаи може да се преведе како глас „НЕ“, но постојат докази дека сосема голем број гласачи лабуристи во таа заедница се наклонуваат кон независноста и кон СНП, па можеби мислат дека тие всушност не можат да дадат поддршка за тоа“.

Излегува дека може само да се шпекулира за ударниот ефект на шпотскиот глас „ДА“ врз политиката во Северна Ирска, но сепак постои чувство дека тоа може да ја потерсе релативната скорешна стабилност на коалиционата влада во Северна Ирска.

Исто така постои загриженост заради формулата Барнет – метод за одлучување колку пари ќе се дава за јавни трошења во секоја од земјите во Обединетото Кралство, кога во моментов Северна Ирска добива повеќе пари по глава на жител од Шкотска, Велс и Англија – што може да биде и сменето.

Но за Вокер најголемата грижа е како унионистите може да реагираат.

– Тоа може да го погоди лојализмот и да го врати со децении назад – можеби околу прашањата како што се парадите и знамињата, кои се толку проблематични. Некои луѓе можеби и ќе стравуваат за мировниот процес, барем на краток рок, вели тој.

Би-Би-Си – Лондон

Би можело да ве интересира

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он