Неуспешни преговорите околу резолуција на ОН за трговија со луѓе

Од:

Преговорите околу резолуција на ОН, со која им се дозволува на Европејците да вршат контрола на бродови со мигранти во меѓународниводи покрај бреговите на Либија, се неуспешни поради несогласувањата на африкански земји во Советот за безбедност.

Документот, предложен од Велика Британија, беше поднесен на разгледување во Советот за безбедност пред една недела. Иницијаторите се надеваа дека тој ќе биде усвоен оваа недела, пред одржувањето на Генералното собрание на ОН, на кое ќе се разговара за миграциската криза во Европа.

Русија, која првично беше против, покажа конструктивност и веќе ја поддржа предлог-резолуцијата, објасни дипломат од Советот. Други земји-членки, како Венецуела и африканските држави (Ангола, Нигерија, Чад) изразија воздржаност.

Африканците настојуваат документот да не се однесува само за зоната околу Либија. Тие најмногу се загрижени од повикувањето на точка 7 од Уставот на ОН, со што се дозволува можност за воведување санкции или употреба на сила при контрола на бродовите.

За Европејците тоа е суштинска точка, бидејќи нивните национални закони не им дозволуваат, како на пример на Германија, да вршат проверка на бродови на отворено море, доколку земјата, на која припаѓаат, не се согласува со тоа.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата