Нетанјаху ја „омекна“ позицијата околу палестинската држава

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја „омекна“ својата позиција околу создавањето палестинска држава, само 24 часови откако официјално беше прогласен за победник на предвремените парламентарни избори во Израел.

Во финишот на преизборната кампања, Нетанјаху изјави дека доколку повторно биде премиер нема да дозволи создавање на палестинската држава.

Тоа значеше израелско повлекување од прифатената формула за постоење на две држави (Израел и Палестина), па ваквата изјава предизвика осуда и несогласување во меѓународната јавност и закана од палестинските власти дека ќе ги интензивираат напорите за признавање на нивната државност, без да чекаат на постигнување мир со Израел.

Но во интервју за американската телевизиска компанија МСНБЦ, Нетанијаху рече дека тој го посакува решението „две држави“ иако додаде дека за него ќе мора да се променат околностите.

– Не сакам решение со постоењето на само една држава (Израел). Сакам прифатливо и мирољубиво решение за формулата за две држави, како и менување на околностите за да се дојде до него, изјави Нетанјаху.

Израелскиот премиер инсистираше дека никогаш не се откажал од својот говор од пред шест години, кога зборувајќи за решението „две држави“ побара демилитаризација на (идната) палестинска држава, која ќе треба да го признае Израел како еврејска држава.

Во интервјуто за МСНБЦ, прво за една тв компанија во САД, по изборите од вторникот, Нетанјаху ја осуди „тврдата позиција“ на палестинскиот претседател Махмуд Абас, затоа што одбива признавање на Израел како еврејска држава.

Израелскиот премиер уште еднаш го критикуваше Абас поради создавањето влада на палестинското единство, заедно со исламистичкиот Хамас, кој и понатаму заговара „уништување на Израел“.

Нетанјаху ја отфрли идејата за предавање територија на Палестинците во „скоро време“ оправдувајќи го тоа со ставот дека „секоја територија што ќе се ослободи на Блискиот Исток, паѓа в рацете на исламистите“ мислејќи на случајот со појасот Газа.

Белата куќа која остро ја осуди предизборната порака на Нетанијаху, дека ако биде уште еднаш премиер, нема да има палестинска држава, веќе предупреди дека ќе има последици за Израел, доколку САД ја преоценат својата дипломатска стратегија во регионот на Блискиот Исток.

Официјален Вашингтон вчера му ја честиташе победата на Нетанијаху на изборите, но очигледно е дека не брзаше со честитката, ниту се потруди, како порано,да биде прв со честитањето.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски