Нетанијаху: Повиците за молитва треба да бидат потивки

Од:

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху ги поддржа барањата на дел од јавноста за намалување на гласноста на повиците за молитва.

Според израелските медиуми, владата веќе има изработено нацрт-закон со кој ќе се регулира гласноста на ваквите повици од верските објекти.

Одредбите на новиот закон би се однесувале на сите религии, но со него, најмногу би биле погодени локалните муслимани.

За нивната молитва, од минарињата на џамиите, се слушаат пет гласни молитви-повици во текот на денот. Правата е во зора, а последната на зајдисонце.

Израелската влада и кабинетот на Нетанијаху соопштуваат дека имаат примено голем број поплаки и барања за намалување на гласноста на ваквите повици, затоа што се создава непријатна бучава.

Медимите тврдат дека со новиот пропис ќе се наложи до кое ниво на гласност смеат да бидат вклучени звучниците поставени на верските објекти.

Околу 17,5 отсто од населението во Израел се Арапи, а од нив најголемиот број се муслимани.

Критичарите на ваквиот план на израелската влада предупредуваат дека новиот закон ќе биде „непотребно раздорен“.

Насрен Хадад Хаџјахја, од Израелскиот демократски институт, смета дека новиот владин закон ќе донесе само штета.

– Вистинската цел на владата не е да ја спречи гласноста и бучавата, туку да се создаде врева, која ќе ги погоди сите, а најмногу напорите за создавање нормална и здрава реалност меѓу Евреите и Арапите, изјави Хаџјахја.

Би можело да ве интересира

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд

ВИДЕО: Израел одговори на нападот на Хамас, погоден е камп за бегалци

Катерина Ѓуровски

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

ВИДЕО: Израел ја игнорира наредбата на Хашкиот суд, продолжи со нападите на Рафа

Катерина Ѓуровски

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор