Ненадеен пад на притисокот во Северен тек 2, причината непозната

Од:

Притисокот во гасоводот Северен тек 2, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас за Германија, нагло падна во текот на ноќта, изјави портпаролот на операторот, посочувајќи го истекувањето на гас како можна причина. Веднаш беа известени властите во Германија, Данска, Шведска, Финска и Русија, додаде Улрих Лисек, портпарол на швајцарскиот оператор.

Во ноќта од недела кон понеделник притисокот во делот на гасоводот кој минува низ морското дно од 105 паднал на седум бари. „Дефинитивно има дупка некаде, но никој не знае каде“, рече Лисек, додавајќи дека истрагата е во тек.

Никој не ја знае причината

Од германското министерство тврдат дека не ја знаат причината.

„Во моментов сме во контакт со регулаторите за да се разјасни ситуацијата. Причината и точните факти се уште не се јасни“, се вели во соопштението на Министерството за економија.

Компанијата која управува со гасоводот тврди дека гасот не истекува во Лубмин, во северна Германија.

„Ако протече во Лубмин, ќе го слушнете“, рече портпаролот.

„Газпром“ соопшти дека прашањата за инцидентот треба да се проследат до операторот, кој побарал заштита од доверителите пред судот во Швајцарија. Судот неодамна му го продолжи рокот за финансиско реструктуирање.

Што е Северен тек 2

Гасоводот Северен тек 2 требаше да испорача руски гас преку Балтичкото Море до Германија и беше завршен на крајот на минатата година. САД се спротивставија на тоа, тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. Украина исто така го критикуваше, жалејќи се дека ќе изгуби приход од транзитот на рускиот гас.

Германија  се обидува да најде нови извори за снабдување со гас. Во времето кога германскиот канцелар Олаф Шолц го блокираше поради руската инвазија на Украина, во гасоводот се чекаше испорака на 300 милиони кубни метри гас, наведува Ројтерс.

Гасоводот ги обедини рускиот Гаспром, германскиот Е.ОН и Винтершал Деу, холандскиот Гасуние и француската Енџи, но многу партнери се откажаа поради руската инвазија на Украина.

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

Орце Костов

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

Орце Костов

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек