Немири во центарот на Цирих

Од:

Припадници на швајцарските сили на редот минатата ноќ се судрија со околу 200 маскирани хулигани, кои дивееја низ улиците на Цирих, палејќи автомобили, дрва и контрејнери за смет, соопшти денеска локалната полиција.

Во соопштнието се наведува дека полицајците употребиле гумени куршуми, солзавец и воден топ за да ги растерат насилните хулгани, вооружени со метални шипки, кои фрлале со камења и други предмети кон припадниците на полициските сили.

Во немирите, зад кои, според полицијата, стои радикалната левица, била предизвикана материјална штета од неколку стотици илајди евра. Во полициското соопштение нема информации за повредени лица при немирите.

Покрај подпалувањето на автомобили, дрва и контејнери, хулигануте фрлкале и со камења кон излозите на околните продавници и угостителски објекти, при што преплашените гости во еден преполн ресторан се сокриле во подрумот и во задниот дел на објектот.

Полицијата уапси, двајца Швјцарци и по еден државјанин на Лихтенштајн и Велика Британија, кои се осомничени за учество во нередите.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски