Нема неправилности во изборите во Венецуела

Од:

Со ревизија на резултатите од претседателските избори во Венецуела е утврдено дека во текот на гласањето немало неправилности, соопшти Националната изборна комисија.

Во соопштението стои дека се проверени пишани потврди за околу 4,6 милиони гласови, односно 99.98 проценти од вкупните гласачи и дека не се забележани никакви разлики со официјалните резултати.

По изборите на 14 април за победник е прогласен Николас Мадуро со предност од 1,5 проценти гласови, но опозицискиот кандидат Енрике Каприлес одби да го признае поразот, истакнувајќи дека изборите се наместени.

Тој поднесе барање до Врховниот суд со кој ги негира официјалните резултати од изборот.

Комисијата соопшти дека Венецуела има систем кој што е заштитен од измами и грешки, пренесе „Франс прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски