Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Од:

Претставник на израелската влада близок до тековните преговори за ослободување на заложниците денеска ги отфрли извештаите на некои арапски медиуми кои тврдат дека САД гарантирале дека Израел ќе ги повлече сите војници од Газа по завршувањето на трифазниот договор за прекин на огнот.

– Наспроти тие извештаи, Израел во никој случај нема да се согласи на крај на војната како дел од договорот за ослободување на нашите заложници – изјави неименуваниот функционер, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израел постојано го отфрла завршувањето на војната во Газа како услов за договор за ослободување на заложниците додека не биде уништена палестинската милитантна група Хамас.

– Како што одлучи политичкото раководство, израелската армија ќе влезе во Рафа и ќе ги уништи преостанатите баталјони на Хамас таму – со или без привремен прекин, со цел да се дозволи ослободување на нашите заложници – додаде функционерот.

Во преговорите меѓу Израел и милитантната група Хамас за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, двете страни постигнаа договор за многу претходно спорни прашања, објавија египетските медиуми.

Се наведува дека има „забележителен напредок“ во преговорите во египетската престолнина Каиро, каде Хамас во моментов разговара за постоечките предлози со посредници, делегации од Египет и Катар, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во вестите на египетскиот медиум Al Cairo News се додава изјавата на анонимен висок функционер на Израел, кој посочува дека земјата нема да се согласи на крај на војната, дури и во случај на ослободување на заложниците.

Хамас претходно постојано повикуваше на целосно прекинување на војната и повлекување на сите израелски трупи од Газа, додека Израел инсистираше на тоа дека ќе ја уништи милитантната група.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Кревко примирје во кое многу работи можат да тргнат наопаку“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Утре наутро почнува примирјето во Газа, израелската влада го ратификуваше договорот

Катерина Ѓуровски

Израел го потврди историскиот мир во Газа

Првите израелски заложници ќе бидат ослободени во недела, објави Нетанјаху

Бајден: Израел мора да ги земе предвид легитимните барања на Палестинците

Кабинетот на Нетанјаху потврди дека Израел и Хамас потпишале договор за прекин на огнот