Нема да има нови избори доколку Чавес не ја преземе должноста на предвидениот датум

Од:

Венецуела нема да свика предвремени избори доколку здравствената состојба на претседателот Уго Чавес, кој е болен од рак, не дозволи тој да ги преземе обврските од 10 јануари, што според Уставот е и датумот на кој шефот на државата треба да положи заклетва, изјави претседателот на Парламентот Диосдадо Кабељо, кој е и близок соработник на Чавес.

Моментално Чавес заздравува на Куба по шестчасованата операција за отстранување на туморот. За состојбата на 58-годишниот венецуелски претседател не се знае речиси ништо, освен дека тој е опериран четврти пат во последните 18 месеци. По опеарцијата неговата здравствена состојба се усложнила поради респираторна инфекција.

Претходно, владини претставници изјавија дека датумот, на кој реизбраниот во октомври претседател треба да стапи на должност, може да биде одложен. Тоа може да предизвика бурни протести на опозицијата, која подолго време настојува Чавес да ги предаде ингеренциите на претседател додека заздравува на Куба.

– Ако Чавес не биде тука на 10 јануари опозицијата се надева дека Националното собрание ќе свика избори во рок од 30 дена. Тие сосема грешат, нагласи Кабељо.

Потпретседателот на венецуела Николас Мадуро вчера истакна дека состојбата на Чавес станува се постабилна.

Би можело да ве интересира

Во Венецуела се уапсени 32 лица осомничени дека планирале атентат врз претседателот

Избегната војна во Јужна Америка

Бразил испраќа војска на границата со Венецуела, расте стравот од нова војна

Катерина Ѓуровски

Судството на Венецуела нареди апсење на новото раководство на паралелниот парламент

Ана Ололовска

Венецуелската опозиција го разреши привремениот претседател

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати

Горан Наумовски