Нема бран на бегалци од југот кон Чешка, тврди чешкиот министер за внатрешни работи

Од:

Чешка засега нема информација дека се приближува бран на бегалци од Србија и Македонија. А ако оваа ситуација се случи, ќе организираме вонредно сместување за 300 луѓе во Јужноморавскио регион.

Ова го изјави чешкиот министер за внатрешни работи по состанокот на безбедносните сили додавајќи дека засега се доволни постојните подобрени контроли за бегалците.

Хованец додаде дека доколку е потребно ќе бидат обезбедени дополнителни капацитети и ќе се создаде повеќе простор за престој на пример во шатори, јави дописникот на МИА.

Според Хованец, не е потребно да бидат зголемени мерките на претпазливост заради најновиот случај на наоѓање на 70 мртви бегалци во напуштен камион на австриската граница со Унгарија.   Претседателот на Чешката Влада Бохуслав Соботка пак препорача државите да обрнат внимание на контролата на камионите кои поминуваат низ границата каде има силен притисок од мигрантите.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он