Неизвесноста со храната и климатските промени во Египет

Од:

Ворлдпрес – Вашингтон

Никој нема да се изненади ако се каже дека Египет е земја на работ на криза. Како една од најбогатите, најголемите и највлијателните земји на Блискиот исток и во регионот на Северна Африка (Мена), враќањето на земјата под воена контролира четири години по Арапската пролет, ги остави во очај повеќето од бранителите на движењето кои имаа големи надежи. Но сепак овие идеолошки разочарувања се бледи во споредба со најголемата егзистенцијална закана со која земјата во моментов се соочува. Како и многу други држави во регионот Мена, неуспехот на Египет да ја сопре корупцијата, да се справи со економската неефикасност и директно да се зафати со климатските промени, го засилува веќе акутниот проблем со безбедност на храната. План во три чекори кој вклучува реформи со субвенции, технолошки развој и калорична разновидност, може да олесни некои од овие опасности.

Иако огромна по територија, во Египет сепак доминираат сурови пустини со што поголемиот дел од земјата останува ненаселени. Денес, најголем дел од 82-те милиони жители живеат во густо населените градови долж реката Нил, натуткани во едвај три проценти од државното земјиште кое е обработливо. Иако лебот традиционално е смета за најефтин прехранбен производ, основната пречка за осиромашената држава (каде денес се проценува дека 26 проценти од населението е сиромашно), Египет не може ниту одблизу доволно да одгледа жито за да го прехрани населнието. Но сепак, владата обезбеди насекаде достапно жито со што остана најголемиот увозник на пченично брашно во светот, а истовремено гарантира ниски цени како дел од својата широка палета на стокови субвенци.

Ветувањето за евтин леб со векови беше дел од египетскиот социјален договор помеѓу елитите и сиромашните, а во модерното доба служеше како столб за стабилноста и во други Мена земји, како Сирија, Алжир и Тунис. Сепак, цената за одржување на овие вештачки цени не само што ги истенчуваше националните трезори до крајни граници, туку исто се покажаа и се повеќе неефикасни против специфичниот карактер на меѓународните пазарни сили. Во 2010 и 2011 серизоните климатски обрасци и намалувањето на приносите од жетвите низ целиот свет, ги доведе меѓународните цени на храната до рекордно најниско ниво во историјата. Кога инфлацијата ги надминува субвенциите, овој раст на цените на храната и на другите основни стоки служеше како катализатор за востанијата во Тунис, Алжир и во Сирија. Во времето кога Мубарак се повлече од претседателската фукција во 2011 година, МаркетВоч објави дека Египет има годишна стапка на инфлација на храната од 19 проценти, и по тоа никогаш целосно не се стабилизираше по достигнатиот врв во 2008 година.

Сите овие нешта останаа какви што беа, а Арапската пролет се сметаше како нормален одлив и прилив на пазарот, измешан со периодична нестабилност заради автократијата. Па сепак нештата нема секогаш да останат какви што биле. Спектарот од климатските промени хара низ светот, а посебно во Мена. Во 2011, научна американска студија откри дека горењето на фосилните горива го намалило светскиот потенцијал на приноси од пченицата и јачмен за 5,5 проценти во 1980, односно за 3,8 проценти во 2010 година. Во рамките на границите на Египет, обработливата земја се губи секоја година со пустинизацијата, осиромашувањето на почвата, и заради се поголемата соленост. Годишниот недостиг од седум милијарди кубни метри вода во државата може да се очекува нагло да порасне ако порастот на нивото на Медитеранот ги поплави египетските северни езера, со што ќе ги пресече изворите на свежа вода и ќе ги уништи мрестилиштата на рибата.

Точно е дека цените на пченицата паднаа од највисокото ниво од 361 долари за метрички тон во ноември 2012 година на 237 долари за метрички тон во февруари 2015 година, но ова не е време за триење раце. Владата на претседателот Абдел Фатах ел Сиси може да го искористи овој привремен спас за да се справи со некои клучни слабости во набавките на храна во земјата. Прво, владата треба силно да ја ре-евалуира ефективноста од своите екстензивни програми за субвенции. Иако ова одамна беше извор за националната стабилност, тоа е решение за исчезнатите поврати за прашање кое е од долгорочна важност. Сегашните договори се засновани на севкупните цени на пазарот, наместо на личните приходи, па на крајот сиромашните плаќаат намалени стапки исто како и средната класа и богатите. Со намалување или укинување на овие субвенции за сите, освен за најсиромашните, тоа ќе помогне да се намали финансиската издишаност на егпетската влада.

Второ, со користењето на оние фондови кои се заштедија преку намалување на субвенциите, Египет мора веднаш да ги инветсира во развој, инфраструктура и во технологии на фармите во државата, од кои 90 проценти се мали, слабо технички опремени, неефикасни и опструирани од владината бирократија. Иако не постои света алхемија да се претвори јаловиот песок во плоден, сите постоечеки фарми мора да ги користат сите расположиви техники за да произведуваат највисоки можни приноси.

На крајот, владата треба да воведе други житарици во економијата кои можат подобро да поминат во суровата клима во Египет. Фонио, екстремно хранливата житарка која расте во Гвинеја и Сиера Леоне, ја има отпорноста која и овозможува да расте онаму каде другите житарки не успеваат. Каупиа, со која се хранат скоро 200 милиони африканци, може да расте на сува, песочна почва, која истовремено се ревитализира за користење и за други растенија. Иако Египет не одбере да ги култивира токму овие житарки, преку поголемата соработка со африканскиот земјоделски пазар ќе го направи разновидно својето калорично портфолио и ќе понуди побезбеден мерки против глобалното производство на храна.

Ниеден од овие предлози нема да биде доволен целосно да го излвече Египет од тамошната криза за безбедноста на храната. Секоја нација на почетокот на 21-иот век е дел од глобалната заедница која мора колективно да ги споделува последицците од своите акции. И додека индустријализираните нации, како САД и Кина, се најсилни да предводат во справувањето со климатските промени, земјите во развој сеуште можат да преземат мерки за да се подготват за најлошото можно сценарио. Ако владата на Египет не може да се посвети на ревизии и реформи, тогаш државата наскоро може самата да се изеде.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски