Недостасува заштитна опрема за лекарите во Британија

Од:

Медицинскиот персонал во Велика Британија се уште нема доволно заштитна опрема потребна при лекување пациенти со коронавирусот, соопшти синоќа Британското медицинско здружение (БМА).

Од БMA наведуваат дека лекарите ги ризикуваат своите животи работејќи без соодветна заштита. Соопштението следува откако секретарот за здравство, Мат Хенкок, рече дека 19 здравствени работници починале од коронавирусот во Велика Британија од почетокот на епидеммијата, јави Би-Би-Си.

Во петокот, 9.875 луѓе починаа во болниците во Велика Британија, што претставува зголемување за 917 од претходниот ден.

Хенкок, кој претходно изјави дека е има доволно заштитна опрема, изјави за Би-Би-Си дека владата испитува како заразените работници починале од вирусот – додавајќи дека некои можеби се заразиле и вон работното место.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски