Недоследна дебата во ЕП за Бугарија и Унгарија

Од:

Политичката ситуација во Унгарија и Бугарија беше една од темите на дневниот ред на Европскиот парламент во Стразбур, но освен големите декларации, оваа дебата ги подвлече разликите кои постојат меѓу десницата од народните партии и социјалистите, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Дебатата за ситуацијата во двете земји членки на ЕУ се одвиваше една по друга, најпрво за Унгарија, а потоа за Бугарија, при што дојде до израз недостигот на доследност на големите политички семејства во Европскиот парламент во однос на почитувањето на правото и фундаменталните права за европските државјани.

По втор пат за само неколкумесеци, ЕП го имаше како гостин премиерот на Унгарија Виктор Орбан во дебатата за ситуацијата со демократијата во неговата земја. Виктор Орбан од 2010 година постојано е обвинуван од страна на европските институции за политиката која ја води во Унагрија, за што Европската комисија на повеќе пати побара да се укинат некои измени на Уставот на оваа земја, кои се оценети како спротивни си европските вредности и право.

Последната реформа се уште се анализира, призна претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо пред ЕП. Изевештајот кој е ставен на гласање во ЕП по долги преговори меѓу социјал-демократите, зелените, либералите и крајната левица, кои сакаат да го казнат Орбан и од друга страна Европските народни партии, кои сакаат да го заштитат.

За време на изготвувањето, унгарските власти вршеа притисок врз политичката група, давајќи технички објаснувања за измените.

За време на дебатата за извештајот, Ги Верхофстад во името на либералите го обвини Виктор Орбан дека сака да создаде „демократура“ – хибирден режим кој има изглед на демократија, но кој е целосно затворен одвнатре.

Виктор Орбан допатува во Стразбур и ја бранеше својата политика, ставајќи ги во прв план добрите економски резултати и бранејќи ја незвисноста на Унгарија која Европскиот парламент ја „загрозува“, оценувајќи дека тие кои ќе гласаат за извештајот „ќе гласаат против Унгарија“.

Најголемиот број од говрониците од редовите на Народните партии ја поддржуваат позиијата на Орбан. Целата расправа траеше околу два и пол часа, по што на тапет се најде Бугарија.

Но за разлика од Унгарија, кога пленарната сала беше полна, за Бугарија таа беше скоро празна. Тука улогите се променија, тие што ја бранеа Бугарија беа социјал-демократите.

Европратениците од редовите на Народните партии бараат иста стратегија како таа кон Унгарија, посебно ако претседателот на бугарската социјалситичка партија е истовремено и претседател на европската социјалистичка партија.

Преку европратеникот Манфред Вебер, народните партии ги потсетија социјалистите дека тие се интерсираат за фундаменталните права според принципот на променлива геометрија, осудувајќи го сојузот на владата со Атака, со оглед дека таа не располага со мнозинство во парламентотм нарекувајќи го „пакт со ѓаволот“.

Авторот на извештајот за Унгарија, Руи Таварес, од редовите на Зелените беше исто така критички настроен и за Бугарија, резимирајќи ја недоследноста на дебата во Европскиот парламент, која според него е последица на една нова криза која е на повидок во Европската Унија, а тоа е кризата на „фундаменталните права“, која ќе ја замени економската криза.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори