Не се сите во Германија против репарации за Грција

Од:

За разлика од федералната влада која што одбива да го отвори прашањето за исплата на воени репарации за Грција, дел од историчарите, експерти за меѓународно право и дел од политичарите имаат поинаков став за оваа тема, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Први во корист на грчкот барање проговорија претставници на СПД која што е дел од владината коалиција и партијата на зелените. Гесине Шван од СПД за весникот Шпигел изјави дека од политички апсект случајот е јасен „ Германија треба финансиски да ги обештети жртвите и семејствата. Се работи за признавање дека сме сториле лоши работи во Грција“.

Ралф Стегнер од СПД вели дека треба да има дискусија за компензацијата. „Дури и по толку децении прашањето треба да биде решено согласно меѓународното право“ вели Стегнер кој смета дека прашањето за репарациите не треба да биде поврзано со дебатата за еврокризата. Експертот по меѓународно право Андреас Фишер – Лескано оди чекор понатаму.

Тој ја обвинува германската федерална влада за срамно однсеување. „Обврска на земјата која што земала кредит од држава која што ја окупирала е да ги врати насила земените пари согалсно меѓународното право“ вели Лескано кој исто како и членови на грчката влада смета дека Атина може да ја тужи Грција пред Меѓународниот суд во Хаг. Според него прашањето а воени репарации никогаш не било расчистено докрај. Прашањето за воените репарации речиси извесно е дека ќе биде една од главните теми за време на првата средба меѓу Меркел – Ципрас која што ќе се случи во понеделник.

Во пресрет на средбата државниот секретар во германското министерство за надворшени работи Михаел Рот ја отфрли можноста Германија да исплати воени репарации на Грција. За Германија ова прашање е затворено во 1990 година, вели Рот кој открива дека Грција и покрај судирот меѓу државните претставници и медиумите е на врвот на неговата агенда која што има за цел да го отвори каналите за комуникација меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Грција воведува шестдневна работна недела