Назарбаев предлага воведување на латиничното писмо во Казахстан

Од:

Претседателот на Казахстан, Нурсултан Назарбаев предложи до крајот на годината да се изработи проект со кој казахстанската азбука од кирилица ќе стане латиница.

– Многу е логично да преминеме на латинично писмо. Тоа е поврзано со современите технологии, со околината и со комуникациите, а исто така и со карактеристиките на процесите во образованието и науката во 21 век… До крајот на 2017 година со помош на научниците и со општеството неопходно е да прифатиме нов стандард на изгледот на азбуката, посочи Назарбаев.

Тој додаде дека од 2018 година треба да почне подготовката за настава со новата азбука и да се пристапи кон изработка на учебници за средните училишта.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Тројца ученици повредени во напад со секира и нож во училиште во Казахстан

Опериран поранешниот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев

Ана Ололовска

Казахстан ја менува визната политика поради Русите кои бегаат од мобилизација

Ана Ололовска

Русија ја спречи „обоената револуција“ во Казахстан

На изборите во Казахстан надмоќно победува претседателот во заминување Токаев

Горан Наумовски