Нави Пилај: Меѓународната заедница не смее да интервенира во Сирија

Од:

Меѓународната заедница не се решава да интервенира во Сирија, бидејќи владите се прашуваат колку ќе ги чини да се ангажираат во војна која може долго да трае, изјави високиот комесар на ОН за правата на човекот, Нави Пилај, за британската телевизија „Ченел 4“.

Таа повторно го повика Советот за безбедност на ОН да го повика Меѓународниот кривичен суд да преземе истрага „за злоторствата против човештвото и воените злосторства“ во Сирија, посочуваат француските медиуми.

Во врска со тешкотиите на ОН да се замешаат во Сирија, Пилај забележа дека кон овој тип активности: интервенции, поддршка на мирот, воена интервенција или повикување на меѓународното правосудство, се пристапува по меѓувладина одлука.

Ако има сомненија или двоумење, тоа е зотоа што луѓето се прашуваат каква е користа од војна во места како Либија, Сирија или Авганистан, објасни таа.

Тоа може да се претвори во долготрајна војна без гаранции дека во неа нема да настрадаат цивили, дополни високиот комесар.

Пилај, исто така, изјави дека сирискиот претседател Башар Асад треба да одговара пред меѓународното правосудство за злосторствата извршени во Сирија.

-Воени злосторства се вршат од силите на претседателот Асад, од неговите сили за безбедност и други сили кои се во сојуз со него. Тој ја носи одговорноста и Советот за безбедност треба да го повика Меѓународниот кривичен суд, подвлече таа.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа