Научници: Луѓе на Марс би починале по 68 дена

Од:

Храбри волонтери подготвени во еден правец да заминат на Марс, како што предвидува холандската фондација Mars One, би починале по 68 дена, соопштија научници.

Пет студенти од престижниот Институт за технологија во Масачусетс дошле до тој заклучок по анализи на научни податоци достапни за проектот населување на Марс според кој ќе се сними во живо риалити шоу.

– Првиот човек би починал од гушење по 68 дена престој на Марс, се вели во истражувањето објавено на 35 страници анализа. Земени биле предвид графички податоци и математички формули за ресурси за кислород, храна и технологија предложени како доволни за таа мисија. Во студијата се вели дека растенијата кои би се одгледувале на црвената планета, би произведувале премногу кислород додека се уште не е развиена технологија за воспоставување рамнотежа во атмосферата на Марс.

Покрај тоа, доселениците се повеќе би зависеле од испораки од Земјата и тоа би чинело најмалку 4,5 милијарди долари. Таа сума би се зголемувала со испраќање и други лица.

Mars One е проект на Холанѓанецот Бас Лансдроп со цел до 2024 година на Марс без можност за враќање на Земјата да се испрати прв тим од четворица волонтери.

Холандската фондација во септември имаше повеќе од 200.000 кандидати за проектот ТВ-риалити шоу на црвената планета.

Фондацијата по првите испитувања одбрала 1.058 луѓе меѓу кои 586 мажи и 472 жени со просечна старост од 35 години.

– До 2015 година меѓу шест и десет тимови од по четири луѓе ќе имаат подготовки за заминување, наведува Фондацијата.

Прво ќе биде испратена најдобро подготвената екипа која на лице место треба да пронајде извор на кислород, вода и да почне да засадува растенија. Вториот тим ќе биде испратен во 2028 година. Целиот проект на Фондацијата чини повеќе од 6 милијарди долари

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов