НАТО загрижен поради руската акција во Сирија

Од:

НАТО синоќа изрази загриженост дека во воздушните напади на Русија во Сирија се разорени области на земјата кои ги држат бунтовниците, а не позиции на Исламска држава.

– Загрижен сум поради извештаите дека мета на руските воздушни напади не била ИД, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за време на посетата на САД.

Столтенберг додаде дека особено го загрижува тоа што руската страна не се потрудила да ги усогласи своите воздушни напади во Сирија, со тековната операција на коалицијата предводена од САД против Исламска држава.

Претходно вчера и американскиот секретар за одбрана Ештон Картер рече дека во воздушните напади во Сирија најверојатно се погодени и овласти во кои нема борци на Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија