НАТО загрижен поради нестабилноста во Северна Африка

Од:

Нестабилноста во Северна Африка предизвикува загриженост во НАТО, кој внимателно ги следи настаните во Египет и нејзините соседи, изјави синоќа врховниот командант на силите на Алијансата во Европа, генерал Филип Брејдлав.

Тој истакна голем број од европските членки на Алијансата од регионот на Медитеранот, се загрижени поради тоа што се случува во Северна Африка.

– Европа е загрижена поради она што се случува во Северна Африка и нестабилноста таму е очевидна грижа за земјите од НАТО. Во овој момент Алијансата не планира никакви дејствија во Египет. Исто како и во Сирија, ние внимателно ја следиме состојбата, проценуваме како таа влијае на нашите партнери и доколку е потребно ќе преземеме соодветни мерки, истакна Брејдлав.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата