НАТО во нова мисија во Авганистан

Од:

Министрите за надворешни работи на НАТО се договорија в година да формираат нова мисија за обука во Авганистан, која ќе ги замени воените единици по 13 години војна.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека новата мисија под име „Одлучна поддршка“ ќе почне на 1 јануари 2015 година, еден ден по завршувањето на воената мисија на НАТО. Нејзината задача ќе биде обука и советување на авганистанската армија во борбата против талибанците.

– Иднината на Авганистан сега е во рацете на Авганистанците, истакна Столтенберг.

Според планот на НАТО новата мисија ќе брои 12.000 странски војници, а најголемиот број од нив ќе бидат од САД.

Столтенберг посочи дека НАТО ќе продолжи да ја финансира авганистанската армија во 2015 година, но не ја наведе сумата. Се претпоставува дека финасирањето на авганистанската армија ќе чини над четири милијарди долари годишно.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата