НАТО: Влогот во денешната криза е голем, постои реална опасност од конфликт

Од:

Влогот во денешната криза е голем, постои реална опасност од конфликт, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пред учесниците на настан посветен на иднината на Алијансата.

– Се соочуваме со најголемата закана за европската безбедност со генерации, рече тој за кризата со Украина и додаде дека „Русија претставува непосредна закана за Украина“.

Според него, Москва ги доведува во прашање правилата за заедничка одбрана на Алијансата. Тоа влијае не само на членството на Украина во НАТО, туку и на слободата на избор за приклучување кон пактот на Финска и Шведска, рече тој.

– Светот се движи кон стратешко ривалство, авторитарните сили сакаат да го променат светскиот поредок, да владеат со правото на силните. Големите сили се обидуваат со ултиматуми да им диктираат на другите што да прават, рече Столтенберг.

Тој ја изрази подготвеноста на Алијансата да ја поддржи Украина политички, практично и финансиски.

– Правото на самоодбрана е дел од Повелбата на ОН, изјави генералниот секретар по повод поддршката на сојузниците за Киев наспроти заканата од Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Столтенберг: Нарушена довербата на Украина во НАТО поради доцнењето на помошта

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата