НАТО: Се поголем е бројот на загинатите авганистански војници

Од:

Бројот на загинати меѓу авганистанските војници е на рекордно ниво откако армијата на Авганистан презеде водечка улога во борбата против талибанците, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според најновите податоци, бројот на загинати авганистански полицајци и војници од почетокот на годинава е поголем отколку во цела 2013 година.

Од почетокот на годината досега во борбите загинале 4.634 војници, додека таа бројка во 2013 година била 4.350.

Столтенберг моментно се наоѓа во посета на Авганистан, прва откако на 1 октомври ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата