НАТО распореди 5.000 војници на граница со Русија

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг по состанокот со министрите за одбрана на државите членки изјави дека е донесена одлука за формирање на нова единица за брза реакција, таканаречена „ударна тупаница“ и поставување на шест командни центри долж источната граница на Алијансата.

-Се договоривме за силата и составот на „ударната тупаница“ – рече тој и потенцира дека станува збор за единица од 4.000-5.000 лица, која во рок од 48 часа може да реагира на каква било закана на членките на НАТО.

Освен тоа на состанокот е донесена одлука во Романија, Бугарија, Полска и три балтички држави да се постават штабови и командни центри за прифаќање на оваа единица, чие што име е Заеднички сили за доста висока подготвеност со англиски акроним ВЈТФ.

-Тоа ќе обезбеди „ударната тупаница“ да биде долгорочно одржлива – нагласи Столтенберг и додаде дека основата ќе ја сочинуваат контингенти од Франција, Италија, Германија, Британија и Полска, додека источно европските сојузници ќе бидат задолжени за логистичка помош.

Формирањето на ВЈТФ и прифатните бази на источните граници на НАТО беше договорено на самитот во септември кој се одржа во Велс, но државите членки дури сега успеаа да се согласат со деталите за планот и придонесите за заедничкиот проект.

Столтенберг истакна и дека НАТО нема намера да испрати вооружена помош на Украина, но дека индивидуално тоа може да го направи секоја нејзина членка.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина најави Лавров

Реакции од Италија: „НАТО не може да не принуди да убиваме во Русија, Столтенберг да поднесе оставка“

Предраг Петровиќ

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски