НАТО не е загрижен поради идејата за војска на ЕУ

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и главен командант на силите во Европа генерал Филип Бридлав денеска воздржано реагираа на предлогот на претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за формирање на заедничкиу европски одбранбени сили.

– ЕУ сама одлучува за својата одбранбена стратегија, а за нас е најважно да избегнеме дуплирање на капацитетите, посочи Столтенберг при посетата на главниот штаб на НАТО во белгискиот град Монс.

Бридлав посочи дека „НАТО не е загрижен“ поради идејата на Јункер за европска војска.

– Војската на европските членки треба да се дополнуваат, а не да се преклопуваат, истакна Бридлав.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина