НАТО ќе ангажира 36 илјади војници на вежба за спротиставување на закана од ИД

Од:

НАТО планира да одржи големи воени вежби со учество на 36 илјади војници со цел да се спречи заканата на Исламска држава од јужното крило.

Команданти на НАТО синоќа најавија една од најголемите вежби во сложено „сценарио на лажна закана“ во која милитанти напаѓаат од копно, од воздух и море.

– Не можеме да избираме меѓу закани од исток и закани од југ, мора да се вежба за двете, изјави генерал Ханс Лотар Домросе од Командата во Холандија задолжен за подготовка на вежбите.

Во вежбите што ќе се одржат од 3 октомври до 6 ноември во Италија, Шпанија и Португалија ќе учествуваат војници од повеќе од 30 држави меѓу кои и од Шведска и Австрија.

НАТО не организирал толку големи воени вежби од 2002 година кога 15 држави  членки и 12 партнерски држави учествуваа во проверка на подготвеноста во Норвешка и Полска.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата