НАТО ја поддржува идејата за европска одбрана

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази поддршка за идејата за европска одбрана.

Тој за ова се изјасни на прес-конференцијата по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите-членки во Брисел.

– Верувам дека европската одбрана може да биде зајакната, без да се повторуваат активностите на НАТО. Немаме желба да се натпреваруваме самите со себе, појасни тој.

– Силната европска одбрана ќе го зајакне НАТО со повеќе можности, со усогласување и со подобро користење на средствата. Не станува збор за европска армија, ниту ЕУ да ги покрива структурите на НАТО. Верувам дека посилна Европа ќе биде од корист за силата на НАТО, нагласи Столтенберг.

Зајакнувањето на европската одбрана е еден од приоритетите на Европската комисија, претставени од претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер во септември пред Европскиот парламент.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат

Орце Костов