НАТО го повика Иран веднаш да го ослободи британскиот танкер

Од:

НАТО го осуди запленувањето на танкери во Ормускиот Проток и рече дека инцидентите претставуваат предизвик за меѓународната слобода на пловидба. Во исто време, НАТО поддржа дипломатски разговор меѓу Лондон и Техеран.

Портпаролот на НАТО објави официјална изјава за ситуацијата во Ормускиот Проток.

“Запленувањето на комерцијални бродови во Ормускиот Проток е е јасен предизвик за меѓународната слобода на пловидба. Го повикуваме Иран веднаш да го ослободи бродот и неговиот екипаж.”, се вели во соопштението.

Во петокот танкерот што пловеше под знамето на Обединетото Кралство во Ормускиот Проток беше заробен од Корпусот на чувари на Исламската револуција во Иран, откако наводно ги прекршил меѓународните правила. Обединетото Кралство го осуди овој потег, нарекувајќи го “неприфатлив”. Нападот се случи во време на британско-ирански тензии, кои ескалираа откако Велика Британија заплени ирански супертанкер во близина на Гибралтар.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел