НАТО: Ги тренираме Украинците од 2014, затоа толку успешно се бранат од Русите

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Букурешт изјави дека „критичната“ поддршка за Украина ќе продолжи. „Нашиот однос со Украина е многу блиско партнерство. Тоа е однос во кој сојузниците на НАТО докажаа дека се подготвени да ја поддржат Украина на начин што е без преседан“, рече Столтенберг.

„Кога се случи инвазијата, НАТО не беше изненаден. Се подготвувавме, бевме подготвени да се соочиме со такви ситуации бидејќи во 2014 година почнавме со големи прилагодувања на НАТО“, рече генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг повтори дека војната во Украина започна во 2014 година, мислејќи на руската анексија на Крим. Веќе таа година силите на НАТО, особено канадските, британските и американските, помогнаа во обуката на украинските сили.

„Оваа војна не започна во февруари оваа година, туку во пролетта 2014 година. Оттогаш, НАТО го изврши најголемото прилагодување на Алијансата од крајот на Студената војна и значително го зголеми своето присуство во источниот дел, изјави Столтенберг.

„Затоа реалноста кога се случи инвазијата во февруари оваа година – во споредба со 2014 година – беше дека украинските сили беа многу подобро обучени, многу побројни, многу подобро опремени и имаа многу подобро раководство. Тоа е една од главните причини зошто успеаја да се спротивстават на инвазијата“, рече генералниот секретар на НАТО.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков