Наследникот на Далај Лама може да биде жена

Од:

Далај Лама денеска изјави дека негов наследник на позицијата тибетански духовен лидер би можело да биде жена, ако за тоа се создадат услови.

– Ако околностите се такви, така што жена Далај Лама биде покорисна, тогаш автоматски ќе има жена на функцијата Далај Лама, изјави актуелниот Далај Лама на конференција во Сиднеј на почетокот на десетдневната посета на Австралија.

Новинарите побараа став од 77-годишниот Далај Лама во однос на спорот со родовите, што претходно го отвори австралискиот премиер Џулија Гилард. Тој одговори дека светот се соочува со морална криза, нееднаквост и страдање, како и дека има потреба од сочувствителни лидери.

– Во биолошка смисла, жените имаат поголем потенцијал. Жените се почувствителни во однос на другите. Во мојот случај татко ми беше лесно избувлив. Неколку пати ме има претепано. Но, мојата мајка беше прекрасна и сочувствителна – изјави Далај Лама.

Гилард претходно изјави дека австралиските конзервативци ќе ги маргинализираат жените и повторно ќе го отворат прашањето за усвојување закон за забрана на абортусот доколку победат на изборите во септември.

Би можело да ве интересира

Лавина во Тибет, загинаа најмалку 28 луѓе

Во лавина во Тибет загинаа 20 лица, осум се водат како исчезнати

А1он

Членови на движењето „Free Tibet“ се обидоа да го прекинат палењето на олимпискиот оган во античка Олимпија

САД: Ќе воведеме санкции за Кина ако Пекинг се меша во изборот на Далај Лама

Жарко Настоски

Силен земјотрес регистриран во Тибет

Ана Ололовска

Далај Лама: Човештвото има потреба од единство

Ана Ололовска