Наскоро над 10 милиони Швеѓани – голем наплив на имигранти

Од:

Брзиот пораст на населението во Шведска се објаснува со зголемениот број на имигранти и новородени деца во земјата, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Бројката на имигранти во Шведска, според најновите прогнози на Централното статистичко биро, се проценува дека и во иднина ќе биде поголема од бројката на оние кои се иселуваат од земјата по разни основи.

Околу 15 проценти од жителите на Шведска денес се родени во странство, додека најновите прогнози зборуваат дека таа бројка до 2060 година ќе се искачи до 18 проценти. Моментно секој трет шведски граѓанин е на 90-годишна возраст, а многумина умираат постари од 90 години. Пред 50 години само дест отсто од шведското население ја доживувало таа возраст.

– Општеството не е подготвено за такви брзи промени, вели професор Ева Јепсен Грасман за „Свенска дагбладет“, укажувајќи дека во наредните децении ќе биде се поголем и бројот на лица кои ќе доживеат 100-годишна возраст.

По неколку години се прогнозира дека шведското население ќе биде преку 10 милиони, а како предуслов за таквиот развој се очекува да биде натамошен континуиран прилив на имигранти во земјата на истото високо ниво како денес.

Би можело да ве интересира

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло

Шведска: Осум лица хоспитализирани по инцидент во седиштето на шведската служба за безбедност