Насилство во Кашмир по егзекуцијата на напаѓачот на Парламентот

Од:

Полицијата во Кашмир отвори денеска оган за да ги растера демонстрантите, кои го прекршија полицискиот час и се собраа во градот Сопоре, протестирајќи проти егзекуцијата на муслиман од Кашмир, осуден за напад врз индискиот Парламент во 2001 година.

Четири лица се повредени во судирите со полицијата, од кои едно е во критична состојба, а приведени се неколку лидери на сепаратистички политички и верски групи во оваа област, соопшти полицијата.

Мохамед Афзал Гуру е обесен разно изутринава во еден затвор во Њу Делхи, соопшти Министерството за внатрешни работи, а ширум Кашмир се распоредени илјадници полицајци и паравоени трупи, подготвени да реагираат во случај на протести и насилство поради извршувањето на смртната казна.

Афзал Гуру е осуден во 2002 година, по што избија протести во Кашмир, а Владата на оваа држава предупреди дека извршувањето на смртната казна би можело да го дестабилизира овој ионака немирен регион на Хималаите.

Првобитно, според одлуката на Врховниот суд, смртната казна требаше да биде извршена во октомври 2006 година, но егзекуцијата е одложена, откако сопругата на Афзал Гуру поднесе петиција до претседателот на Индија, која е отфрлена претходно оваа недела.

Тој најпрво призна дека учествувал во планирањето на нападот, во кој се убиени 14 лица, вклучувајќи и петмина напаѓачи, но подоцна демантираше, нагласувајќи дека неговото признание било изнудено со измачување.

Во мнозинско муслиманскиот Кашмир, кој го делат Индија и Пакистан, владее голем отпор кон индиските власти.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка