Напуштањето на ЕУ ќе го наруши британскиот животен стандард

Од:

Излегувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе предизвика нарушување на животниот стандард во земјата, предупреди Мохамед ел-Ериан, раководител на „Пимко“, најголемиот фонд за обврзници во светот.

Според овој финансиски експерт, премиерот Дејвид Камерон „мора да има план Б, за да може да се амортизира ударот врз домашната економија и финансиите, што ќе се случи доколку Британците одлучат да ја напуштат ЕУ“.

Во авторски текст во списанието „Форчн“, Ел-Ериан вели дека британското заминување ќе остави простор за другите во Унијата да го пополнат местото на Велика Британија во големата европска тројка.

Предупредувањето на првиот човек на „Пимко“ доаѓа по минатонеделното најавување на Камерон дека сака нови преговори со Брисел околу идниот британски статус во ЕУ, како и дека ќе организира референдум околу членството на Велика Британија, доколку неговата Конзервативна партија победи на следните парламентарни избори, предвидени за мај 2015 година.

– Верувам дека ова ветување на Камерон има за цел да му донесе поени на домашната политичка сцена, затоа што ако таа намера навистина се реализира, тогаш Велика Британија ризикува опаѓање на нејзиниот економски раст, вели во „Форчн“, Мохамед ел-Ериан.

„Пимко“ е меѓу највлијателните инвестициски фондови, затоа што оперира со околу два билиона долари.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ