Двајцата напаѓачи кои го извршија нападот на музејот Бардо, при што загинаа 23 лица, биле обучувани во камп на џихадисти во Либија, соопшти владата на Тунис.
Рафик Чели министер за внатрешни работи на Тунис наведе дека напаѓачите биле регрутирани во џамии во Тунис, а потоа во септември минатата година отпатувале во Либија, пренесе „Ројтерс“.
Премиерот на Тунис, Хабиб Есида потврди дека меѓу жртвите има туристи од Италија, Франција, Колумбија, Јапонија, Шпанија, Австралија и Полска.
Според наводите на медиумите двајцата напаѓачи се убиени во операција на музејот Бардо во престолнината на Тунис, а уапсени се девет лица поради сомнеж дека се поврзани со напаѓачите кои стојат зад масакрот.
Според пишувањето на локалните медиуми, нападот го извеле „двајцата витези на калифатот“, Абу Закарија и Абу Анас, припадници на групата Окба Ибн Нафа, која што е поврзана со Ал Каеда.
Е.Г.