Нападот во училиштето во Пекинг го извршил поранешен чистач, незадоволен што не добил постојана работа

Од:

Во основно училиште во пекиншкиот кварт Синченг денеска во напад со засега неидентификувано оружје повредени се 20 ученици од кои најмалку тројца имаат тешки повреди, а според информации објавени од кинескиот весник South China Daily Post, нападот го извршил поранешен чистач во училиштето кој таму извесен период бил на пробна работа.

Се наведува дека тој бил гневен поради тоа што не го минал пробниот период.

Дел од локалните медиуми тврдат дека нападот бил извршемн со нож и оти децата имаат повредни на главите.

Кинеската агенцијата „Ксинхуа“ објави дека нападот се случил во 11:15 часот претпладне по локално време.

Локалната полиција преку кинеската социјална мрежа „Веибо“ објави дека тројцата најтешко ранети ученици се во стабилна состојба и дека нивните повреди не се опасни по живот.

На интернет беше објавено видео од состанокот на училишниот персонал и родителите на учениците, каде што на родителите им било кажано дека нападот бил извршен од страна на вработен во училиштето.

Засега не е познато како е извршен нападот, но се споменува дека како оружје биле користени чекан или нож.

Очевидец од местото на настанот изјавил полицијата го зголемила обебедувањето околу пекиншката детска болница каде се сместени повредените

Во видео-снимките што се појавија во меѓувреме, прикажани се десетици гневни родители кои бараат детали за тоа што се случило, како и директорот на училиштето кој ги опоменува да престанат да снимаат со мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ