Еден припадник на обезбедување е убиен, а три лица се повредени во оружен напад пред познат ноќен клуб во австралискиот град Мелбурн, соопшти полицијата.
Двајца од повредените се припадници на обезбедувањето, а третиот е маж кој стоел на крајот од редот и чекал да влезе во клубот.
– Веројатно е пукано од автомобил кон луѓето кои се наоѓале пред дискотеката, изјави Андрју Стампер од полицијата на државата Викторија.
Полицијата тврди дека нема докази оти станува збор за терористички напад, а според австралиски весник инцидентот е поврзан со моторџиска банда.
Засега не се спроведени апсења, а полицијата очекува информации од очевидци на настанот.