Тимска игра на хуманост – Андријана Јовановска типуваше, а Mozzart донираше

Од:

Хуманоста е секогаш на прво место, мото по кое се води компанијата Mozzart. Една од наjпознатите и редовни хуманитарни акции е хуманитарниот тикет за викенд кој по втор пат оваа година е добитен. Овојпат типувач беше новинарката Андријана Јовановска која одлучи добивката да ја донира на семејството од Петровец чија куќа изгоре во пожар.

„Многу се израдував кога ми јавивте дека хуманитарниот тикет е добитен и дека ќе може заедно да донираме пари на едно прекрасно семејство на кое му е потребна помош. Станува збор за дедо Трајан Трпковски од с. Петровец, кој на 82 години неодамна го изгуби својот дом во пожар. Верувам дека семејството наскоро ќе ги собере потребните средства и дека ќе имаат нов, топол дом. Да не звучам клише, но фала ви и вам за можноста да типувам преку хуманитарниот тикет, па заедно да им дадеме малку надеж на оние на кои им е потребна“, изјави Андијана Јовановска новинар во CRNOBELO.com.

Куќата на семејството Трпковски изгоре во пожар пред два месеци по што е причинета голема штета. Потребна е итна санација, бидејќи во моментов во неа нема услови за живот. Донацијата од Mozzart ќе биде од исклучително значење за семејството.

„Драго ми е што по втор пат годинава имаме добитен хуманитарен тикет. Преку ова акција до сега помош стигна на голем број адреси. Се надеваме дека со нашата донација ќе успееме да помогнеме за санација на куќата. Реализацијата на хуманитарниот тикет за викенд продолжува и натаму” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Би можело да ве интересира

Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци.

А1он

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart пишува нова приказна во Битола

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

Mozzart ја дарува добрината – Банка за храна обезбеди прехрамбени поризводи за Порака Неготино благодарение на „Театарот на хуманоста“

Вистинската победа е во контролата – Mozzart ја потврдува својата општествена одговорност

Уметност и хуманост во едно: Mozzart дели бесплатни карти za „Олд Сејбрук“

А1он