Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart пишува нова приказна во Битола

Од:

Битола, градот на сонцето и историјата, блесна со ново светилиште на спортот.

Mozzart ја продолжува својата мисија за изградба на мини пич терени – места каде што спортот расте, младите сонуваат и заедницата се обединува. Фудбалот е повеќе од игра, тоа е празник на срцето и нова приказна што се пишува во Битола.

Теренот го носи името на легендата Петар Упалевски – Упале. Името што значи храброст, посветеност и инспирација.

„Ова е чест, обврска и доказ дека оставив белег,“ рече Упале – зборови што одекнаа како симбол на гордост и благодарност.

На отворањето присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски, претставници од општината, родители, деца и млади таленти – сите обединети во една радост што ја исполни Битола.

Првите удари на топката ги дадоа младите фудбалери на ФК Пелистер – можеби токму тука ќе се роди новата македонска ѕвезда.

„Нашата улога е да поддржиме, а младите да сонуваат,“ истакна Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

Акцијата „Фудбалот е повеќе од игра“ веќе ја испиша својата приказна во Охрид, Велес и Свети Николе. Годинава започна во Битола, а следна станица е Кочани. Секој нов терен носи повеќе од игралиште – носи приказна што се пишува со секој удар на топката, создава заедница што расте заедно и остава потсетник дека спортот има сила да го менува животот.

Би можело да ве интересира

Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци.

А1он

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

Mozzart ја дарува добрината – Банка за храна обезбеди прехрамбени поризводи за Порака Неготино благодарение на „Театарот на хуманоста“

Вистинската победа е во контролата – Mozzart ја потврдува својата општествена одговорност

Уметност и хуманост во едно: Mozzart дели бесплатни карти za „Олд Сејбрук“

А1он

Секогаш држи се до планот – Одговорната игра е твојата најдобра шанса

А1он