Нападнат Твитер налогот на индискиот премиер Моди

Од:

Личниот профил на Твитер на индискиот премиер Нарендра Моди бил „накратко компромитиран“, соопшти денеска кабинетот на премиерот.

Британските медиуми пренесуваат дека инцидентот брзо ескалирал, но личниот налог на премиерот бил веднаш обезбеден, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот Моди.

Засега не се знае колку долго налогот на Моди бил компромитиран, а на кој тој има повеќе од 73 милиони следбеници.

Компанијата Твитер ги презела неопходните чекори за да го обезбеди компромитираниот налог веднаш штом дознала за неовластената активност, потврди портпаролот на Твитер во електронска порака до британските медиуми, додавајќи дека истрагата во моментот не открила напади и взр други налози.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка