Напад на Иран би бил почеток на Трета светска војна

Од:

„Ако дојде до воен судир помеѓу Израел и Иран, ништо повеќе нема да биде предвидливо и тоа би било почеток на Трета светска војна“, порача бригадниот генерал Амир Али Хаџизадех, за иранската ТВ мрежа „Ал Алам“.

Иран би можел да изведе превентивен напад, ако Израел започне да се подготвува за напад на таа земја, предупреди командантот на елитната иранска војска Чувари на револуцијата.

Хаџизадех додаде дека секој евентуален напад од Израел врз Иран, ќе се смета дека е со благослов на САД.

„Затоа ние дефинитивно ќе одговориме со напад врз американските бази во Бахреин, Катар и Авганистан“.

Тој предупреди дека Израел не може ни да си замисли каков ќе биде нивниот одговор и дека ќе претрпи голема штета, а тоа ќе биде вовед во негово тотално уништување.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

Иранската војска ги подготвува ракетните системи со долг дострел по заканите на Трамп

Горан Наумовски

Али Хамнеи: САД ќе се соочат со силна одмазда ако го нападнат Иран

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут