Најстариот комплетен свиток од Тората пронајден во Болоња

Од:

Најстариот комплетен свиток од Тората е пронајден во универзитетска архива во Болоња, тврди италијанскиот професор на еврејски студии Маури Перани и додава дека свитокот потекнува од 12-тиот век.

Текстот напишан на парче јагнешка кожа е класифициран под називот „Свиток број два“. Интересно е тоа што во него не се забележани клучните измени на Тората кои се внесени во 12-тиот век.

– Помислив дека свитокот е многу постар – вели професорот Маури Перани и додава дека свитокот содржи букви и ознаки кои еврејскиот научник Мојсеј Мимонидес ги забранил во 12-тиот век.

Оваа Тора е еден од 30-тите ракописи во универзитетската библиотека која Перани почнал да ја каталогизира во февруари.

– Свитокот е многу редок бидејќи кога ракописите се оштетувале, со тоа ја губеле својата светост, не можеле да се користат и биле спалувани. Овој свиток е во одлична состојба – изјави тој и додаде дека десетици илјади свитоци од Тората биле уништени или употребени за поврзување на книги во Германија и Италија во текот на Втората светска војна.

Недопрениот свиток на Тората е долг 36, а широк 64 сантиметри и во 1889-та година бил погрешно архивиран.

-Архиварот наведе дека текстот делувал „чудно“ и во него имало „невообичаено многу ознаки“. Тоа е комплетна утка. Ова е прекрасен ракопис – вели Перани и додава дека свитокот во Болоња пристигнал од доминикански манастир, најверојатно откако Наполеон во 19-тиот век ги распуштил свештеничките редови.

Болоња има многубројна еврејска заедница, а тамошниот Универзитет на еврејски студии потекнува уште од 14-тиот век.

Постојат фрагменти од Тората кои датираат од 7-от век, но само Болоњскиот е сочуван.
Согласно еврејските традиции, Тората не се датира.

Свитокот од Тората кој досега се сметаше за најстар потекнува од 13-тиот век, и бил пронајден вметнат во библиски кодекс во форма на книга кој пак, потекнува од 1008-та година.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ