Најпознатите жртвени јариња во историјата

Од:

Блиц – Белград

Од кога постои човештвото сме имале случаи на неправедно обвинети и жртвувани луѓе. Покажувањето со прст на виновникот низ историјата речиси секогаш доведувало до беспотребни војни, убиства и геноциди. Најдобар начин да се сврти вниманието од реалните проблеми било обвинување на не толку важни луѓе од таму некои далечни земји. Тие луѓе биле „жртвени јариња‟, а ова се некои од најпознатите.

Сако и Ванчети

Никола Сако и Бартоломео Ванчети, двајца италијански анархисти, во 1920 година во Бостон биле уапсени поради обвинение за убиство и вооружена кражба. Во текот на судењето поради немање на докази станало целосно очигледно дека тие двајца не биле виновни за злосторот за кој се товареле и нивниот обид да се сместат зад решетки покренал цела лавина насочена против италијанската популација.

Дури по 57 години од судењето, гувернерот на Масачусетс Мајкл Дукакис изјавил дека имале нефер третман во судницата. За жал, оваа информација стигнала доцна, по 50 години откако биле убиени.

Рудолф Хес

Рудолф Хес во еден момент бил втор по ред човек според моќта во Третиот Рајх, се до моментот кога во 1941 година самоиницијативно се одлучил да отпатува во Шкотска за да преговара за мир со Британија. Во таа прилика бил уапсен и притворен.

Тоа ништо не би било толку чудно ако во британскиот затвор не би задржан до крајот на животот. Хес во некоја рака претставувал жртвено јаре за двете завоени страни во Втората светска војна. Британците го сметале за непријател, а Хитлер за предавник.

Лав Троцки

По смртта на Ленин се поставило прашањето кој ќе го наследи. Во трката биле Јосиф Сталин и Лав Троцки. Сталин успеал да однесе победа во оваа борба користејќи се со нечиста пропаганда обвинувајќи го Троцки дека е притаен капиталист и симпатизер на ционизмот. Троцки бил убиен во Мексико во 1925 година од страна на луѓе на Сталин.

Марија Антоанета

Иако Француската револуција е покрената пред се да се ослободат од монархијата, една од главните причини била и симнувањето на Марија Антоанета, размазена Виенчанка, која францускиот народ никогаш не сакал да ја прифати за кралица. Народот ја обвинил за промискуитетно однесување и шурување со непријателот. Таа дури била обвинета за лошата економска состојба во земјата. На крајот на баладата, била погубена на гилотина заедно со својот сопруг, кралот Луј 16, во 1793 година.

Евреите

Евреите повеќе пати низ историјата биле жртвени јарци. Биле прогонувани и гонети од страна на Египќаните, Асирците, Грците, Вавилонците, Римјаните, Русите, Шпанците, Англичаните и Германците. Секој од овие народи бил убеден дека Евреите се причина за пропаста на државите.

Кравата на Кетрин О`Лири

Големиот пожар кој го зафатил градот Чикаго во 1871 година наводно го предизвикала Кетрин О Лири чија крава го бутнала кандилото во шталата за време на молзењето. Иако Чикаго Трибјун признал дека ја измислил приказната, госпоѓата О Лири била жигосана за несовесна до крајот на животот.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

A1on

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

A1on

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

A1on

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

A1on

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ