Најмалку шест повредени во експлозија на хемиска фабрика во Кина

Од:

Шест лица се хоспитализирани по експлозијата во хемиска фабрика во кинескиот град Жангзоу, во југоисточната провинција Фуџијан.

Стотици пожарникари се испратени да го изгаснат пожарот, предизвикан од експлозијата во фабриката, која произведува токсична хемикалија параксилен, која се користи за производство на пластика.

Властите се обидоа да ги смират локалните жители, велејќи им дека нема истекување на отровни гасови, но жителите на околните области беа евакуирани.

Градоначалникот на градот изјави дека еден работник е ранет на местото на експлозијата, а петмина настрадале од искршени прозорци.

Ова е втората експлозија во истата фабрика за помалку од 20 месеци.

Би можело да ве интересира

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он