Најмалку пет лица загинаа и над 40 се ранети во денешната силна експлозија во Кабул, јави ТАСС.
Експлозијата била причинета од автомобил наполнет со експлозиви на паркингот пред Министерството за правда. Таа се случила на крајот на работниот ден, додека службениците заминувале од работа.
Засега никој не ја презеде одговорноста за терористичкиот напад.