Најмалку петмина ранети при напад во училиште во Шведска

Од:

Маскиран напаѓач вооружен со меч, претпладнево им нанесе повреди на најмалку пет лица, при напад во училиште во градот Тролхатен во западна Шведска.

Во извештаите на локалните власти се вели дека засега се знае само дека е повредено едно возрасно лице и четворица ученици.

Полицијата во градот соопшти дека напаѓачот бил застрелан од полицајци, но не го соопшти неговиот идентитет, ниту пак каква е неговата состојба.

Во полициското соопштение се вели дека во училиштето владее целосна конфузија и дека пристигнуваат разни информации.

Според првите извештаи на шведските медиуми, во нападот има „поголем број повредени“, но засега нема официјална потврда за ваквите информации.

Би можело да ве интересира

Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Шведска ја избра песната за Евросонг: победи „Unforgettable“

Шведската полиција уапси четворица терористи

Балтикот стана „НАТО море“ – По 200 години неутралност Шведска стана 32 членка на Алијансата

Шведска е во НАТО, Унгарија даде зелено светло